April 19, 2024, 10:28 pm

ЧЕКАЛ ПРЕД ОПШТИНА ЦЕНТАР „КАКО МАЈМУН“: Ѓорѓи Спасов разочаран од Саша Богдановиќ, бидејќи го оставил да чека како „мајмун“ пред општина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малку покасно, но и најжестоките учесници во т.н. „платеничка“ револуција се разочаруваат од вистината која стоела позади пропагандата која со години ја пласираше СДС. Меѓу многумината, овој пат е и Ѓорѓи Спасов кој како што вели во следните четири години центарци ќе мора да живеат со лошиот избор кој го направиле гласајќи го Саша Богдановиќ за градоначалник на општината

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Власт

Од средата до денес барав состанок во траење од 5 минути со градоначалникот на мојата општина Саша Богдановиќ- Српче. Му напишав во порака дека куќниот совет од заградата на ул. Васил Ѓоргов 20 во која има 123 стана од кои 120 гласаат за СДСМ ме овласти од него само да добијам информација за кровот на зградата кој прокиснува а не привилегија и помош. За жал до денес тој нема време. Денес ми рече дека ќе биде достапен по два, два и пол часот. И чекав како мајмун пред затвотената порта на општина Центар а неговиот телефон беше недостапен.
Браво.
Жал ми што станарите од мојот влез во зградата мислат а и јас им создадов лажна надеж дека од некои избрани функционери на СДСМ може да добиеме барем точна информација и ништо повеќе.
Следните 4 години ќе треба да се помириме со тоа што сме го избрале на локално ниво.
А од 2007. до денес напишав на илјада страници колумни против режимот на Груевски. Учествував во на 100 тв дебати, во кои ги застапував позициите на СДСМ, и имав чест да бидам дел од тимот што ја пишуваше програмата За живот во Македонија на СДСМ. – пишува Спасов во својот ткст на Фејсбук.

[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This