ЧЕКОР ПОБЛИСКУ: Данска го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данскиот Парламент денеска без дебата и во присуство на шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Протоколот во Парламентот на Данска беше ратификуван со 97 гласа „за“ и девет вoздpжaни.

Со ова Данска стана деветтата земја која го ратификуваше Протоколот, односно прва западноевропска земја која ја заврши постапката за ратификација и даде зелено светло на нашата земја на патот кон полноправно членство во Алијансата.

На отворената седница присуствуваше и в.д. амбасадорот на Македонија во Данска, Александар Новотни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This