ЧЕСТИТКА ЗА 11 ОКТОМВРИ ОД РУСКИОТ КОНЗУЛ СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историските и традиционални врски се потрврда за новите вредности на патот на создавање и градење модерна држава. Тогашното востание против фашизмот и херојската Народоноослободителна борба на македонскиот народ имаат историско значење во зачувување на државниот суверенитет и националната самобитност, пишува во честитката на почесниот конзул на Руската  Федерација во Битола Сергеј Самсоненко до македонските граѓани по повод 11 Октомври – Денот на македонското антифашистичко востание.

samsonenko

Самсоненко во честитката пишува дека долгогодишната борба на Македонците за национална слобода и обединување била многу важна за толку посакуваниот светски мир и ги поздравува напорите на Македонија што и денес, како што вели, работи конструктивно за стабилизација на регионот.

– Се радувам на зајакнувањето на нејзината улога како сила за мир и напредок. Воедно сум горд на долгогодишното пријателство и партнерство помеѓу Русија и Македонија, кое се темели на традиционални вредности и духовна блискост, а Руската Федерација ќе остане посветена во помагањето на Македонија за јакнење на демократијата, владеење на правото и економски просперитет, стои во честитката на рускиот конзул во Македонија, Сергеј Самсоненко.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This