April 19, 2024, 11:54 pm

ЧЕСТИТКА ОД ИВАНОВ: Да ја сакаме, почитуваме и чуваме Република Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакам на сите Христијани да им го честитам овој голем ден- Велигден, ден кога симболично животот ја победи смртта. Затоа, да се радуваме на животот, на сите добрини и убавини што тој ни ги носи, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на литургијата по повод Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

ivanov-10
Како што рече Иванов, во годината кога одбележуваме пет децении од возобновувањето на Македонската православна црква- Охридска архиепископија треба да се потсетуваме на сите наши обичаи и традиции кои ни овозможиле да опстојуваме низ вековите.

– Посакувам во овие празнични денови да се потсетуваме на сето она што е во наше наследство, да го сакаме, почитуваме и да му се радуваме на животот, да го сакаме и почитуваме се она што го имаме, да ја сакаме, почитуваме и чуваме Република Македонија, порача Иванов.

На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а велигденската порака ја прочита протојереј Драги Костадиновски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This