ЧЕСТИТКА ОД ПЕНДАРОВСКИ: Светите браќа Кирил и Методиј им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Почитувани сограѓани,

Дозволете да ви го честитам 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи.

Светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа, Св. Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата, докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни.

Честитајќи го големиот празник би сакал да потсетам дека делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност. Општество во кое образованието и културата се од суштинско значење и право на секој наш граѓанин.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This