ЧЕСТИТКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ:На овој ден пред 25 години граѓаните на Република Македонија покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја и аманет на нашите предци, а тоа е сите ние да живееме во своја слободна, суверена и независна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на државноста 8 Септември.

pratenici-na-vmro-dpmne-640x335

-На овој ден пред 25 години, 8-ми Септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја и аманет на нашите предци, а тоа е сите ние да живееме во своја слободна, суверена и независна држава. Во сите овие години на независност, Република Македонија се соочуваше со бројни предизвици и премрежја, со негативни и позитивни процеси, но и со препреки и проблеми од кои сите ние извлековме поука и излеговме посилни. Покажавме дека со заедничка волја, обединети и сложни сме посилни и може да постигнеме многу, но покажавме и дека заедничката иднина и просперитет е многу поважен од поделбите и несогласувањата, се вели во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, се додава во неа,  нека овој голем ден за Република Македонија и сите граѓани ни даде сила и верба да продолжиме заедно да се бориме со сите предизвици.

– Само на тој начин ќе ја зачуваме, одржуваме и продолжиме големата идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија. Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември! Нека ни е вечна нашата татковина Република Македонија!, се истакнува во честитката од оваа пратеничка група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This