ЧЕСТИТКА ОД ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ: Нека Бог не поткрепи и ни донесе нови радости, напредок и само напредок во Република Македонија.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово- Велигден, претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев упати честитка до сите христијански верници.

dimitriev

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме честитката 

Со особена радост и задоволство, на овој голем ден, сакам во свое лично име и во име на Владата на Република Македонија, на сите верници со христијанска вероисповед да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Велигден е од исклучителна важност за христијанството, затоа што ова е денот кој им дава надеж на сите верници дека постои пример и водилка во нивните животи, дека сечие тежнеење кон подобро и богоугодно однесување не е бесцелно, туку посакувано и ценето од нашиот Бог. Велигден е еден од најзначајните симболи на нашата вера, симбол на воскресението, симбол на победата над смртта, на победата на доброто врз злото, и на победата на доброто човеково поведение. Преку воскреснувањето Исус докажал дека е Синот Божји и дека целото негово учење е вистинито. Воскресението пред кое се поклонуваме на Велигден постојано и постојано не потсетува дека има надеж и за човековата душа, дека Бог е со нас и во добро и во лошо, и дека секогаш треба да ги следиме вредностите.

Во овие убави празнични денови да се помолиме и заблагодариме на таквото соединение со Бога. Да се поклониме на неговата милост и да продолжиме да ги следиме неговите пораки. Во спокој да ги исполниме црковните храмови и со радост да ја примиме убавата вест од црковните камбани. Да го прославиме заедно Христовото воскресение и да се помолиме Бог да биде со нас и во иднина. Да се помолиме за здравје и среќа во нашите домови, љубов и бериќет во нашите семејства, мир и спокој во нашата земја. Да се помолиме и да работиме за развој на нашата Татковина, подобар стандард за граѓаните и повеќе можности за успех за секој еден поединец.

Нека Бог ја зацврсти нашата заедница, нека ни помогне да преземаме мудри чекори и да ги надминеме сите предизвици со кои како држава се соочуваме. Нека Бог не поткрепи и ни донесе нови радости, напредок и само напредок во Република Македонија.

Нека е за многу години Велигден !

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This