March 28, 2024, 10:33 am

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ: Претседателот Иванов им го честитече празникот Успение на Пресвета Богородица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Pо повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Претседателот Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

„Овој празник е симбол на верата, спасението и мајчинската љубов. На овој голем христијански празник го славиме вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Нејзиниот животен пат, нејзината посветеност кон Бога и љубовта кон луѓето, ни говорат за нејзината големина и улога во христијанството. Празнувајќи ги животот, љубовта и посветеноста на Мајката Божја кон своето чедо се потсетуваме на основните христијански вредности кои биле наша водилка низ вековите. На овој ден да се присетиме на милоста и мајчинската љубов на Мајката Божја и да се помолиме за меѓусебна љубов, почит и разбирање“, пишува Иванов во честитката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This