April 20, 2024, 12:15 am

ЧЕСТИТКИ ЗА ДИЈАСПОРАТА: Во Австралија почна да се учи македонскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имено, новата наставна програма за изучување на македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс, вчера, свечено им беше предадена на претставниците на “Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс”, во седиштето на Националното тело за стандарди во образованието.

Македонскиот јазик е еден од петте јазика, за кои беше изработена официјална програма, а по која учениците во државата ќе го изучуваат јазикот од следната година.

Државната министерка за образование, Сара Мичел претходно објави дека, сега учениците ќе можат да изберат да изучуваат еден од јазиците според новата наставна програма од забавиште до 10то одделение, но не само јазикот, туку и културата на заедниците, хиндуската, македонската, персиската, пунџабската и тамилската.

Наставните програми беа креирани како дел од програмата на училиштата, во која се изучуваат јазиците на заедниците, а која беше најавена од премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This