Европската народна партија (ЕПП) е најголема политичка групација во Европа, која ги организира партиите на десниот центар. ЕПП има 75 политички партии од 40 земји со конзервативна, демохристијанска и народна ориентација. Од редовите на ЕПП доаѓаат претседателот на Европската комисија и Европскиот совет, 10 претседатели на влади од земји членки на ЕУ и 6 претседатели на влади од земји кои не се членки на ЕУ, 14 членови на Европската комисија и најголемата пратеничка група во Европскиот парламент.