ЧЕСТИТКИ ОД СОСЕДСТВОТО ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: За СПЦ Македонците се неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И ако, поединци се исчудуваа од каде потребата за повторно објаснување на соборската одлука од страна на најврвниот во православието, сега веќе не е тешко да се заклучи дека тоа барем дел ,се должи на писмото што до него го испратил поглаварот на Српската православна црква Иринеј а кое пред два дена го објави  религиозниот грчки сајт Ромфеа.

Во писмото како што пренесува пак, македонскиот сајт Религија.мк кое инаку е пишувано на старогрчки јазик кој поглаварот на СПЦ не го знаел, ама го знаел Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ кој веројатно е и вистинскиот автор, со многу погрдни зборови, говор на омраза и недоличности,  Македонците се наречени неиспилени северномакедонци а Македонија измислена државичка.

Македонците, македонскиот јазик и држава како и МПЦ,  пишува во писмото потпишано од поглаварот на СПЦ, Иринеј, биле измислица на Комунистичка Југославија и на Тито.

Како МПЦ, според Иринеј, биле прогласени во тоа време јужните српски црковни епархии, кои на СПЦ и ги отстапила Цариградската патријаршија со Томосот од 1922 година.

Веројатно свесни за намерата на Вселенската патријаршија да и додели автокефалија на МПЦ, Иринеј го советува  Вартоломеј дека не можел начинот за  автокефалност на Украинската црква да е применлив за како што ја нарекува поглаварот на СПЦ,МПЦ, расколничката црква. Ако не дај боже, стане вакво нешто , тоа ќе биде обистинување на мудрата грчка изрека, според која ,,после едно допуштено зло, илјадници зла следуваат,, пишува меѓу другото Иринеј со замолница до Вселенскиот патријарх и Патријаршија, пред еднаш да пресечат три пати да измереле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This