April 25, 2024, 12:12 pm

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со честитки за празникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод големиот христијански празник Голема Богородица, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка до верниците од Православна вероисповед и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стеафан

 

gruevski-procka

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

 

Ваше Блаженство,

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам добро здравје, спокој, радост, мир и разбирање во секој дом и во секое семејство.

Славејќи го денешниот голем празник посветен на Божјата Мајка, денес сиот христијански свет се поклонува и помолува на Пресвета Богородица, која со своето Успение го оживотвори светот а со своето посебно место помеѓу Бог и нас, ја зацврсти љубовта на човек кон Бога и љубовта на човек кон човека. Празнувајќи го радосното преселување на Божјата Мајка, денес ја споделуваме радоста христијанска, дека нашата заштитничка Пресвета Богородица, преминувајќи од земното кон небесното царство е вечно со нас, и со Својот мајчински покров на наднебесна љубов не благословува и ни дарува поткрепа и благодет. И затоа денес славејќи го овој празник, го славиме богоугодниот живот, добрината, смирението, скромноста и љубовта кон Бога и блиските, за што не учи делото и примерот на нашата голема мајка – Пресвета Богородица.

Како народ кој столетија наназад, со големо возљубение и неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за потребното човечко функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат.

Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, меѓусебна љубов, радост, благодети и успеси во секое семејство и во нашата држава.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник Успение на Пресвета Богородица!

Со почит,

Никола Груевски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

[/kopa_block_quote]

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This