ЧЕТИРИ СТАНА И КУЌА ВО КАРПОШ: Како Велимир Смилевски преку ноќ стана олигарх со станови и куќи надвор од Бутел?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на СДСМ за градоначалник, Велимир Смилевски кој од Бутел се има преселено пред петнаесетина години, со неговото семејство доаѓа до имот од четири стана во Центар, куќа во Карпош, како и деловен простор од скоро 300 м2 во скопска Кисела Вода, објавува Денешен.мк.

Откако Велимир Смилевски и неговото семејство ја продаваат куќата во Бутел, тие купуваат куќа во скопски Карпош која е на име на неговиот татко Смилевски Санде. Во 2012-та година семејството Смилевски се стекнува одеднаш со четири станови во општина Центар, кај Католичка црква.

-Потоа во Стаклара во Кисела Вода се стекнал со деловен простор од 285 м2 за кој има склучено договор за закуп од 250 евра за м2 месечно или 71.000 евра месечно. Киријата е евидентирана во Централниот регистар. Бидејќи се работи за нереално висока цена на кирија се отвораат сомнежи дека се работи за организирано перење на пари.
Причината за огромниот капитал на Смилевски лежи кај неговиот татко кој долги години бил комерцијален директор на Жито Лукс, вклучително и во периодот на стечај и неговата продажба на грчките газди, пишува Денешен.мк.

Велимир Смилевски како дете од транизицски олигарх сега се натпреварува за градоначалник во општината од која се има иселено пред 15 години. Останува нејасно и треба да се испита како се стекнало неговото семејство со имот од 4 стана во Центар и куќа во Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This