Четри лица пoчинaa од Ковид-19 во Велес за еден ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција соопшти дека во текот на ноќта се регистрирани три смртни случаи на лица позитивни на ковид-19, на Инфективното одделение од Велешката Болница. Вчера на пладне почина и 62-годишна жена од Велес, позитивна на ковид-19, која беше хоспитализирана на Инфективното одделение од Велешката болница. Со ова, досега има вкупно 20 починати од коронавирусот во Велешко, а за само едно деноноќие дури 4 жртви од коронавирусот.

Градоначалникот Коцевски соопшти дека – „Двајца од починатите пациенти се на 62-годишна возраст, од машки и женски пол, двајцата се велешани и едно лице, маж на 69-годишна возраст од Свети Николе“.

Во текот на денот до пладне, во Велешко имаше регистрирано осум нови позитивни на ковид-19, соопшти Коцевски, со што активни случаи се 106. Денес досега има и тројца оздравени. Меѓу новозаразените се и две родилки од Велес на Гинеколошката клиника во Скопје, но нема информации дали и новороденчињата се позитивни.

Од активните случаи, 79 пациенти се дома, 19 на Инфективното одделение, двајца на Инфективна клиника, двајца во „8 Септември“, еден на Клиниката за оториноларингологија, тројца се во приватни клиники. Од хоспитализираните пациенти, на Инфективно одделение во Велешката болница 24 се од Велес, шест од Свети Николе, двајца од Градско и од Демир Капија и еден од Неготино.

„Што се однесува до активните случаи, од болницата има позитивни три медицински сестри од Инфективното одделение, еден од анестезиолошка служба, еден од администрација, од Здравствениот дом има две лица. Во ЈКП Дервен има четири случаи, двајца во Комунална хигиена и двајца во Водовод и канализација. Нема позитивен случај со ковид-19 на просветен работник од образованието, ниту воспитувач или негувателка од градинките“, рече Коцевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This