March 29, 2024, 12:03 am

ЧЕШЕЛ ЗА СИТЕ ОД ЧИСТАЧКА ДО МИНИСТЕР: Oбвинитeлcтвoтo за организиран кpиминaл ќе ги „чешла“ сите вработени во МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на оваа година треба да профункционира и надворешниот механизам за контрола на полицијата или полицискиот правобранител (ветинг). Веќе е воспоставено такво одделение во Oбвинитeлcтвoтo за организиран кpиминaл.

Иако ветингот во МВР се најавува веќе одреден период, најверојатно ќе се спроведе следната година. Потребно е прво да се изготви законски решение.

Тоа е сериозен процес, вели министерот Оливер Спасовски, кој треба да заврши добро за институцијата, но и процес кој ќе наиде на голем број препреки и одвнатре и однадвор. Нема да биде едноставен и лесен и мора да се води транспарентно.

Ќе се врши по три основи – персонално досие, имотна состојба и критеруми. Ќе се формираат комисии кои ќе работат на ветингот, а ќе има и една надворешна комисија со експерти. На ветингот ќе бидат подложени сите – од чистачка до министер, додава Спасовски.

Овој проект се спроведува преку Советот на Европа, Јавното oбвинитeлcтвo за opгaнизиран кpиминaл го формирало одделението и тие oбвинитeли ќе се занимаваат исклучиво со работата на полицските службеници.

Спасовски смета дека овој механизам нема да ја ограничи полицијата во нејзината работа, напротив ќе влијае позитивно. Целта е полициските службеници да станат свесни дека нивното однесување треба да биде врз основа на сите правила и прописи, од нивното поведение па сѐ до нивните овластувања.

Уверен е дека во почетокот ќе има обиди за злoуoтpeбa на овој механизам, можно е луѓето за се и сешто да поднесуваат пpecтставки кај Народниот правобранител, но верува дека тој период ќе помине.

Министерот најави и отворање на дебата за изнаоѓање механизми за заштита на полициските службеници, по зачестениот број случаи на нaпaди врз службени лица изминатиот период.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This