Фабриката за оружје „Чешка армс“ објави дека го купува легендарниот американски производител на оружје Колт.
„ЦЗГ стекнува 100 процентен удел во Колт за 220 милиони долари (180 милиони евра) пари и издавајќи 1.098.620 акции на ЦЗГ“, се вели во соопштението на чешката компанија, пренесува Бета.
Претседателот на управниот одбор на ЦЗГ, jубомир Коварик, рече дека ЦЗГ е горд што Колт, кој е во американската војска 175 години, е дел од чешка компанија.
Сопственикот на Колт, Денис Веје изјави дека тоа е „моќен сојуз и за брендовите и за клиентите“.
CZG, во кој работат околу 1.650 лица во Чешка, САД и Германија, произведува оружје за полицијата и армијата, но и спортско и ловџиско оружје под брендот CZ.
Колт, основан од Самуел Колт во 1836 година, ги опремува армиите на САД, Канада и многу други земји. Компанијата произведува и спортско и ловно оружје.