Чешка може да ги нaпyшти ЕУ и НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чешката десничарска партија СПД, која може да одигра важна улога во формирањето на новата чешка влада, може да побара референдум за излез од ЕУ.
Ова денеска го соопшти Томио Окамура, лидерот на партијата позната по своите позиции против ЕУ и НАТО, пренесува утринскиот портал Прага.
„Еден од основните услови е во манифестот на владата да се вклучи закон за референдум, вклучително и можност за референдум за излез од ЕУ или потенцијално од НАТО“, рече Окамура пред новинарите по средбата со претседателот Милош Земан.
СПД со години се залага за напуштање на ЕУ и референдум за ова прашање. Според најновото истражување, 66% од Чесите се за останување во Унијата, додека 28% сметаат дека треба да ја напуштат.

Обидите за одржување референдум досега се заглавија во парламентот, а потегот на Окамура може повторно да го покрене прашањето.
Владата на Андреј Бабиќ се противи на законот за референдум, кој ќе овозможи гласање за бројни прашања, како што е членството во ЕУ, и секој предлог за референдуми треба да има двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот.
Изборите во Чешка треба да се одржат на 8 и 9 октомври и се претпоставува дека Бабиш ќе победи на нив, иако, според предвидувањата, за формирање влада ќе му треба помош од партиите партнери.
Двете главни опозициски партии одбиваат да влезат во коалиција со Бабиш, нагласувајќи дека тој е во судир на интереси како основач на бизнис империјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This