April 19, 2024, 10:19 pm

„ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“: Судот ги прифати снимките од ПИ мерките во случајот „Поткуп“ на кои се гледа како Заев зема 200.000 евра мито!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на обвинетиот премиер Зоран Заев во случајот „Поткуп“ да бидат изземени доказите од ПИ мерките, кои што беа објавени на Јутјуб уште пред две години. 

Решението за одбивање на барањето на Заев на денешното судење му го врачи судијката Ленка Давиткова, бидејќи нејзината колешка Дијана Груевска Илиевска, која го води процесот против Заев, била, како што рече Давиткова, на боледување.

Тоа беше и причината судскиот процес да се одложи за 20 ноември годинава.

Заев потврди дека денеска му било врачено решение дека неговиот предлог се одбива и повтори дека докрај ќе ја бара правдата за овој, како што рече, монтиран случај против него, каде што со злоупотреби од страна на обвинителство е правена конструкција дека бара поткуп од бизнисмен од Струмица само за да биде оцрнет во јавноста.

ПИ мерки се валиден доказ со одобрение на судот во сите случаеви. Видео снимката на јутјуб е поставена за јавноста да ја дознае вистината, но деловите кои не се објавени судот секако ги зема во предвид како доказ за случајот Поткуп, каде Зоран Заев бара мито лице в лице од струмички бизнисмен.

Тој рече дека ја нема целата снимка, инаку во спортивно би ја објавил во целост, од почеток до крај, за да се види, вели тој, дека нема тука никакво кривично дело, а најмалку поткуп.

„Единствено одговорно за протечените снимки е Обвинителство за организиран криминал и никој друг, за што поднесовме и кривична пријава“, рече Заев.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This