ЧИНИ 70,000 ЕВРА НЕДЕЛНО: Луксузната јахтата на Тито се закотви на Ибица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луксузната јахта „Истранка“, брод што е изграден во 1959 година и му припаѓаше на Joсип Броз Тито, се закотви на Ибица. Јахтата му припаѓаше на Тито до неговата cмpт во 1980 година, а денес може да се изнајмува за неверојатни 70.000 евра неделно.

Според шпанските медиуми, на јахтата од 44 метри некогаш гости биле дури и Софија Лорен и Елизабет Тејлор. Тито, наводно, ја користел оваа јахта за дипломатски состаноци, како и за крстосување на Бриони.

„Истранка“ беше преправена помеѓу 1999 и 2006 година и стана луксузна јахта. Во тоа време таа му припаѓаше на италијанскиот бизнисмен Неир Александар, основачот на спортскиот бренд „Техноџим“. Денес, оваа јахта оди на долги рути преку Средоземното Море и е регистрирана во Лигурија, Италија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This