ЧИСТЕВ ПЕПЕЛНИЦИ ВО КАФУЛЕ: Панчо за тинејџерските денови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК имал возбудливо детство и тинејџерски денови. Вели дека на својата покојна мајка душата ѝ ја извадил, а првиот џепарлак го заработил многу рано, уште во петто одделение кога работел во кафуле.
Панчо се присети и на првата хонорарна работа која ја добил во петто одделение во тогаш познатиот кафе бар CITADELA, кој се наоѓал на 50 –тина метри од неговата зграда.

„Работа ми беше да собирам полни пепелници и да ги менувам со чисти, да варам турско кафе на решо бидејќи тогаш немаше машини за еспресо и макијато. “, откри пејачот.
Како што вели како тинејџер бил голем кавалер, па во екот на популарноста на Ребека, неа и нејзината сестра Хелена ги одвел на пица. Исто така тој откри и дека им бил омилен лик на постарите во неговото маало.
„Постарите во малло ме тераа да правам се` и сешто и јас нормално ги слушав! Крадев сладолед, правав „ѕвезди“ на бината во кино Култура додека траеше проекцијата на филмот, на луѓето им подметнував секакви работи во водите за пиење и соковите…“

,,Во трета година средно заминав за САД и по завршувањето на средното училиште комплетно се сменив и бескрајно сум и` благодарен на мојата мајка која најде сретства да ме испрати на школување. Со еден збор ме спаси.“, се потсети Панчо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This