ЧИСТКА ВО МВР: Оливер прави чистка во МВР за да го наполни министерството со партиски кадри!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски ги менува началниците кои работеа и обезбедуваа докази за предметот „Поткуп“ на лидерот на СДСМ Зоран Заев и „Фабриката за афери на СДСМ“ на Чаушот, дознава Press24.

Oliver-Spasovski-1-640x341NFOMAKS

Станува збор за началниците на одделите за организиран криминал и прикриени операции. Се менуваат и уште 7 началници на регионалните сектори за внатрешни работи како и командантот на Алфите.

Со овие смени, техничкиот министер од редовите на СДСМ ги враќа кадрите кои беа на овие позиции и во претходниот негов мандат иако за дел од нив, беше утврдено дека се незаконски поставени спротивно на системот за кариера на МВР за што имаше и соодветни пријави.

Вработени во МВР велат дека овие кадри му ги донеле најлошите 8 месеци на Министерството. Не била спроведена буквално ниту една акција а се паметат невидените бламажи кога сите специјалци и цела техника на МВР беше крената за на крајот Спасовски да каже дека патролира на терен. За споменување е и нелегалното приведување на единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, а началникот кој ја издаде наредбата повторно се враќа во својата фотелја.

Од денеска нови функции во МВР добиваат Горан Трајановски кој од Бихаќка се сели неколку улици погоре во МВР. Ќе биде помошник министер на одделот за информатика и телекомуникации.
gt

Кирил Митиќ станува началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

viberimages

Драган Симоновски ќе биде началник на Секторот за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

Лазо Велковски кој стана познат како првиот човек во светот кој пријави обид за атентат со пластично шише ќе биде началник на СВР Скопје. На Бихаќка е познат и како телохранител на Шеќеринска.

Примислав Димовски, против кого се водеше постапка затоа што незаконски ослободил приведено лице станува нов началник на Алфите.

Танчо Пројковски ќе биде началник на СВР Струмица.

viberimage-1

Нејасно е каде продолжуваат заедно еден политичар и полициски службеник. На фотографијата на маса со Спасовски покрај Танчо Пројковски е и Драган Симоновски

Во СВР Велес од денеска нов началник ќе биде Злате Јаневски.

Славко Јовановски ќе стане нов началник на СВР Битола, додека во СВР Охрид Спасовски го поставува Сашо Смилевски.

Љупчо Трајковски станува началник на СВР Штип, а Стојанче Величковиќ прави „вселенски“ скок во кариерата напредувајќи од обичен полицаец во полициска станица до началник на СВР Куманово.

Интересно, но професорот Пивоваров извиси во целиот бран смени. Дали Спасовски е незадоволен од неговата експертиза се уште нема информации.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This