ЧИЧО НАСТЕ ОД ПАЗАРОТ ВО ОХРИД: Мицкоски ги слушна проблемите со кои се соочуваат граѓаните во секојдневниот живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се сретнав со честити и добри луѓе, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид каде денеска го посети пазарот и разговараше со пазарџиите.

Чичко Насте вели одвај вадиме за една скромна плата. Пазарџиите се незадоволни и воедно силно против новите законски измени со кој се предвидува зголемени трошоци за нив, а кои наместо да бидат целосно повлечени тие се ставени само во мирување, вели Мицкоски.

Тој додава дека тоа не е единствениот проблем, туку пазарџиите му се пожалиле на општата беспарица.

Зголемените даноци оставаат се повеќе луѓе со помалку пари. Нема ниту 500 евра плата, ниту подобар живот. Животот кој го ветуваа доживува фијаско, а секојдневието се преѕвара во гола борба за опстанок. Кога пазарџиите се незадоволни, значи дека имаме незадоволен народ. Затоа мора да се сменат работите и мора граѓаните да добијат повеќе. Помина времето на лажни ветувања. Силата е во народот и првиот тест каде тие ќе кажат што мислат се претседателските избори, додаде Микоцски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This