ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ГНЕВНИ И БЕСНИ: Од парите за чланарини се делат плати за Зекири и други функционери во партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата опозициска партија СДСМ не открива дали има и други членови на Централниот одбор кои се вработени и земаат пари од партијата како што е случајот со Мухамед Зекири, кој според информациите покрај фунција, добива и плата од СДСМ.  Официјално од 09.09.2016 година, Зекири е вработен како советник во СДСМ.

zekiri-zaev-intervju

СДСМ вчера не одговори на прашањата дали новиот член на Централниот и Извршниот одбор Мухамед Зекири е вработен партија и колку изнесува неговата плата. Исто така,  СДСМ не открива дали има други и кои се тие функционери што земаат плата од партијата, односно исто како Зекири се вработени во СДСМ.

Курир веднаш по објавувањето на информацијата дека Зекири освен што добил партиска функција и за 24 часа се трансформираше од “независен новинар” во член на Централниот одбор на СДСМ, добил и вработување во партијата со плата од 500 евра, се обиде истата да ја провери и да добие став од партијата, но повратен одговор не добивме.

СДСМ и денеска молчи на прашањата и не открива кое од партиските тела ја донело одлуката за вработување на Мухамед Зекири? Повторуваме дека никој не го оспорува правото Зоран Заев да го вработи  Зекири во СДСМ , но истото тоа претставува интересна политичка одлука за која треба да биде информирана јавноста.

За јавноста останува енигма какви совети му дава Мухамед Зекири на Зоран Заев за 500 евра месечно и партиска фунција.  Додека луѓе како Јани Макрадули, долгогодишен потпретседател и пратеник на СДСМ, сега се без никаков ангажман и без вработување во партијата, Зекири со сигурност станува еден од главните адути на СДСМ на овие избори и човекот од доверба на Зоран Заев.

jani-makraduli-1

Во минатото Мухамед Зекири беше редовен домаќин на интервјуата на лидерот на СДСМ и неговите најблиски соработници. Истовремено и на својот фејсбук профил ги промовираше ставовите на СДСМ. Но, дел од неговите ставови стануваат особено контроверзни, сега кога тој станува дел од раководството на најголемата опозициска партија.
muhi-izrael

Еден од нив е оној за Израел во кој Зекири обвинува дека ова е терористичка држава.

Новинарот се истакнува со радикални позиции и кога станува збор за домашни прашања. Така тој споделува фотографии и одобрува оштетување на споменикот на Цар Душан.

car-dusan

А веројатно една од најспорните јавни објави е онаа за убиството кај Смилковското езеро.

„Ако во една земја виновниците се силни, невините барајте ги во затвор“ , напиша Мухамед Зекири по приведувањето на убијците на 5те невини жртви.

zekiri-smilkovski

СДСМ досега не прецизираше дали се согласува со личните ставови на новинарот кој влегува во раководството на партијата.

Доделувањето партиска фунција на Зекири и информациите кои се појавија во јавноста дека активисти на шарената револуција ќе се најдат на кандидатските листи на СДСМ и тоа на сметка на коалиционите партнери НСДП и ЛП предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Со коментар се јави и поранешната пратеничка на СДСМ и професорката Каролина Ристова Астеруд која искоментира „не гледам проблем некои од Шарените од граѓанско-политички активизам да преминат во партиско-политички, ама, дали тоа активирање да биде баш преку ред и преку трупа“

„Не се паметни и креативни оние што не ја сконтале „финтата„ за инстант политичка кариера во врвот на политиката во македонски контекст. За да градиш врвна политичка кариера (т.е за да стигнеш до места пратенички/министерски и уште неколку други, сите знаеме што е хард-кор врвна политичка функција) на партиски листи всушност не ти треба години и години партиско членство. Не бе, седи си на страна, или, уште поубаво , биди си НВО, граѓански активист, поштена и ценета работа, па утре ете вака ќе те фалат и на тацна ќе ти нудат, море треба да те молат за на листа (?!), за тебе и само за тебе, оние првите само се таму за да трчаат за тебе, и, секако, нека си кршат главите, нека се тепаат кој/а заслужува да бидат на листите. Ти, Твоето Височество од Памет и Креативност, си над сето тоа, ти ќе добиеш на тацна! Па како, твојот ум и време се повредни од крв, нивните не се, па и така они не се паметните и креативните, зарем не? Патемно, изгледа некому не му е јасно, па да нагласам со три извичника (!!!) – тоа што некои го правеле и прават во Шарената револуција, некои по партиите, конкретно СДСМ, го правеле и се бореле макотрпно со години и години, ама изгледа оти се партијци некако не дава аура на слава, прегорност, храброст, партизанство, антиестаблисшмент, револуционерност, андерграунд,, ма борец за слобода и демократија, борец за човекови права, и што уште не што звучи „посекси„ од „партиски член/ка„ и „партиски активист/ка„ ?“, пишува Ристова-Астеруд.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This