ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ОД БЕРОВО ГНЕВНИ НА ПАРТИЈАТА: „Мојот другар стана функционер, јас ја добив оваа маица!!!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разочараноста на граѓаните од неисполнетите предизборни ветувања на СДСМ и Заев се огромни, граѓаните немаат плата од петстотини евра како што нема ни по еден вработен во секое семејство на легендарниот 15 септември. Докторите немаат плата од 100 илјади денари, а се укинаа и зголемувањата на пензиите кои за пензионерите многу значеа.

Економскиот раст за 2017 година изнесуваше катастрофални 0 проценти, а за првиот квартал од 2018 година растот на БДП изнесуваше очајни 0,1 проценти. Има пад во градежништвото, а нема нема ниту суштински реформи во здравството, судството и образованието. Македонија тоне на секое поле, а шарените се почесто прашуваат ,, за ова ли се боревме’’.

Но македонскиот народ ако нешто знае и умее е тоа да тера мајтап, понекогаш и на своја сметка, нешто на што крвавата и тешка историја го има научено. Па така на социјалните мрежи, се почесто може да се забележи фотографија од сеирџиската маичка на која пишува ,,Мојот другар стана функционер, а јас ја добив оваа маица!!! Живот во Македонија, за Сите’’. Да не беше реално можеби ќе добиеше во тежина на хумор, но бидејќи ова е реалноста на сите оние кои гласаа за ,,живот’’ и одработија за СДСМ во изминатиот период маичката се наоѓа на тенката граница помеѓу комедијата и трагедијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This