ЧЛЕНОВИ НА СДС ГО ПОВИКУВААТ ЗАЕВ ДА СЕ СОВЗЕМЕ: Писмо од членови на СДС од Гостивар во кое му порачуваат дека забегал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До редакцијата на „Република“, утринава пристигнало писмо од незадоволни членови на СДСМ од Гостивар. Тие се противат на политиките кои ги води партијата, но и на кадровските решенија.

Писмото ви го пренесуваме во целост:

СДСМ …!!!! Дојди на себе. Премногу забега!! Не е важна само надворешната политика и кадровски решенија меѓу мене…тебе. Каде се другите што 11 години верно ти слузеа и те донесоа на власт? Истите тие на следните избори ќе те казнат. Поправниот испит не го положи. Грешките од минатото после 11 години се повторуваат. СДСМовски синдром. Дојди на власт и заборави се. Што правите со Општинските организации? Имате ли претстава што се случува? Поставивте председатели… исполнувавте музички желби… председатели кои ги празнат партиските канцаларии… ја решаваат кадровската политика во кафани, под дејство на алкохол и изиграваат локални шерифи. Партијата ја сведоа на 3 до 4 луѓе. Сигурно ќе беше подобро сами да си биравме кој ќе ни биде Председател… кој ќе ни биде лице на партијата… ама статутот вие го напишавте, барем правилно да одлучевте, да прашавте некој од членовите а не да одлучувате на своја глава. Кога ги поставивте дали имавте претстава кои се личностите или така вие си сакавте. Па оваа партија не е ваша….таа е на сите нас. Сите ние трчавме вие да се сместите во вашите удобни столици …ама нема да трае долго. Ќе ве казниме.

Премиере !!!…Вие и вашите најблиски соработници ќе бидете виновни за тоа што ќе се слуци на следните избори .Јас сум Гостиварец…згаден од ова што се слуцува во Гостивар. Новиот Председател…..алкохоличар, заедно со пратеникот…. си прават што сакаат и си ја водат партијата како да им е наследство од татко. Ама нема да оди долго. Требаше добро да размислите кого ставате на позиција председател. ќе си го почуствувате на изборите кога и да се. Ние ќе изгубиме… ништо… а вас тогаш ке ве прашам. Поздрав од група огорчени членови на ОО СДСМ Гостивар.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This