ЧЛЕНОТ НА ДИК, ДИТМИРЕ ШЕХУ: ДИК не може за 22 дена да ги изврши сите останати процеси за да имаме легитимен изборен процес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Државната изборна комисија, Дитмире Шеху смета дека за 22 дена, од завршувањето на вонредната состојба до одржувањето на изборите за кои инсистираат воглавно СДСМ, ДИК не може да ги изврши останатите процеси за да може да имаме легитимен изборен процес.

Таа во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21 потенцираше дека за да се одржат легитимни избори, меѓу другото, Државната изборна комисија првично треба да направи и ново ажурирање, односно прочистување на избирачкиот процес, додавајќи дека за тоа го известиле и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

– Одлуката и ставот на ДИК беше едногласен. Сите се согласивме дека избирачкиот список, повторно уште еднаш, треба да направиме ново ажурирање на избирачкиот список. Истиот став му го претставивме и на претседателот на државата, на средбата која ја имавме минатата недела, дека во рок од 22 дена Државната изборна комисија не може да ги реализира сите останати изборни процеси, за да има еден легитимен изборен процес, рече Шеху.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This