ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО-НП НЕ ГО ПОДДРЖУВА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: Канонада од нeгaтивни реакции кон Балковски, откако се пофали дека партијата го поддржува Пендаровски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Балкоски, генерален секретар на ВМРО-НП, на социјалните мрежи објави дека партијата застанува зад кандидатурата на Стево Пендаровски.

„ВМРО – Народна Партија учествуваше на состанокот на 31 политичка партија, на кој се донесе едногласна одлука, г-дин Стево Пендаровски да биде заеднички кандидат на Претседателските Избори. ВМРО – Народна партија со своите програмски цели за НАТО и Европската Унија е во редот на политичките партии кои овозможуваат Република Северна Македонија да е дел од НАТО и држава која во овој период ќе ги започне пристапните преговори за влез во ЕУ“-напиша тој.

Но, бргу по неговата објава, стана јасно дека оваа одлука е донесена од мал круг на лица во партијата, блиски до Зоран Заев.

Членовите на ВМРО-НП, не се согласуваат со одлуката раководството да го поддржи Пендаровски. Тие својот став го искажаа јавно и недвосмислено.

Еден од коментарите гласи:

„Реално, за да излезете дел од вас од илузиите дека ние сме Партија, веќе не сме. Ви гарантирам дека нема да имаме ни 15000 гласа на било кои наредни избори, дури и таа бројка можеби е преамбициозна. Сега да се повика ЦК ќе нема ни 20 делегати, за ИК да не зборам само формално на хартија… На локално ниво лидерите тоа добро го имат разбрано и ваквата ситуација на на нив одлично им одговара бидејки си прават шеми со сдсм единствено за личен интерес, а као глумат дека е за интерес на партијата па дури се чувствуваат и заслужни. Како и да е Љубчо тоа го знае и затоа не одржува вештачки на површината со неговиот авторитет и со по некое интервју на тв дека “као еве постоиме”. Прашање е на време кога тоа ќе го разберат од сдсм и кога ќе ни дадат еден ѓон. Нашите луѓе кои се вработија на локално ниво, гледајки го тонењето на ВМРО-НП веќе и не се наши, сигурен сум дека барем 70% размислуваат за тивок трансфер во сдсм. ВМРО-НП во моментов служи само за да некои наши членови си ги задржат позициите на раб. места, комисиите и одборите… Инаку повеќето се свесни а и јас лично сметам дека оваа партија е само парче хартија во централен регистар. Затоа не се карајте и барајте си го чарето, од нас веќе партија не бидува“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This