April 26, 2024, 10:33 am

ЧЛЕНСТВОТО НА ДУИ СЕ БУНТУВА: Координаторот на ДУИ од Чаир до Бујар Османи – ветивте по 5 вработувања, ги вработивте само братучедите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавно прашање од активистите на ДУИ до Бујар Османи, постави Координаторот на претседатели на месни заедници на партијата на социјалните мрежи

„Почитуван Бујар. Вие бевте шеф на изборната кампања во Чаир за неодамнешните локални избори што се одржаа, како и за референдумот за промена на името.

За време на изборната кампања за локалните избори вие лично се заколнавте дека ќе вработувате по 5 активисти од секој локален совет. Овие 5 вработувања ги заборавивте, и кога се приближи референдумот, повторно ветивте и повторно нè излажавте.

Од овие ветувања поминаа 2 години и ништо не е променето.Во меѓувреме, за македонските медиуми велите дека имате 100 братучеди и нема проблем ако тие се вработат.Ве прашуваме јавно: Уште колку невработени братучеди ви останаа за да ги вработите и нив па да дојдат на ред активистите кои што ги излажавте.“ – пишува Иса Хоти – Координатор на претседатели на месни заедници на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This