ЧЛЕН НА ЊУЈОРШКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ: Никој во Македонија нема легитимитет за промена на уставното име на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Игор Јанев кој што е член на Њујоршката академија на науките и носител на највисокото стучно звање Научен советник при Институтот за политички науки во Белград изнесува политички факти во врска со актуелните општествени процеси за нелегалната постапка за промена на името на Република Македонија.

“НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НИКОГАШ НЕМАШЕ ЛЕГИТИМИТЕТ ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ!

НИТУ СДСМ, НИТУ ВМРО! НИТУ САМО ЗА „НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА”, НИТУ КАКВА БИЛО „ДВОЈНАТА ФОРМУЛА”!

ИМЕТО НА ОВАА ДРЖАВА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Нема решение за името, а Преговорите се пропаднати. Никаков амандман или амандмани нема, ниту можат да бидат внесени во Уставот!

Погрешно е да се изјави: “НИЕ од ВМРО би постигнале ПОДОБАР Договор со Грција од СДСМ”!

ПРЕКУ МЕТОД на ПРЕГОВОРИ или тнр. “РАЗГОВОРИ” само се понижуваме и покажуваме дека НЕ ЗНАЕМЕ за факт дека во ООН сме примени под дополнителните НЕЛЕГАЛНИ (приемни) Услови односно дека ние НЕ ЗНАЕМЕ оти проблематизирање на сопственото ИМЕ како државно-правен идентитет е НЕЛЕГАЛНО! НЕ е НИТУ МОРАЛНО! За овие категории не се разговара или преговара!

Разговорите за правниот идентитет се според дефиниција на меѓународното право ПРЕГОВОРИ!

Обврска за Разговорите = ПРЕГОВОРИ!!!

Разговорите за НАЦИОНАЛНИТО ИДЕНТИТЕТ = ПРЕГОВОРИ!!!

Разговорите за ДВОЈНАТА ФОРМУЛА, ТЕ. ЗА ТН. НАДВОРЕШНО ИМЕ = ПРЕГОВОРИ!!!

СИТЕ ОВИЕ ПРЕГОВОРИ СЕ НЕЛЕГАЛНИ!

ИМЕТО, ПО DEFAULT Е ERGA OMNES, ПА ОВА ВАЖИ И ОД РЕЗ. 817, КОЈА ПОДРАЗБИРА ERGA OMNES!!!

1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регионот)

2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како тер. претензии или иредентизам.

3. За Правниот идентитет, како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички карактеристики на територијата.

4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или од членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломат. жаргон).

Во случај со Мак. прием во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или Спор. Иначе, ваков спор на Меѓународен суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па СБ беше згодна инстанца да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР.

Од фактот дека државно-правниот идентитет (т.е. Името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијален елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН органи во Мак. пријем пречекориле своите овластувањата.

Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза.

(Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историјски својатања не можат да бидат предмет на спорот.

5. Битен принцип е и дека Државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајќи во строгата внатрешна јурисдикција.”
Пишува: Проф.Др.Игор Јанев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This