ЧОВЕКОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРЕГРАТКИТЕ НА СМРТТА: Максим Коломејцев, човекот кој во последен момент го откажа билетот за кобниот лет на „Саратов Ерлајнс“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русин ја излажал смртта – на својот роденден. Откако решил да не лета на денешниот лет на компанијата „Саратов Ерлајнс“ кој се сруши во близина на Москва, Максим Коломејцев вели дека морници го полазиле откако слушнал што се случило со авионот

Агентот за продажба на недвижнини Коломејцев денес требало да лета од Москва на авионот кој се сруши во близина на Москва, но сплет на околности го одложиле неговото патување поради промена на неговите планови – и тоа му го спасило животот. Коломејцев кој е роден во рускиот град Орск, каде што беше упатен авионот АН-148 на „Саратов Ерлајнс“, решил да го прослави неговиот роденден во неговиот роден град со семејството.

Тој изнајмил и автомобил во Орск која требало да го чека при слетувањето. Сепак, само две недели пред летот, компанијата која му го изнајмила возилото го замолила да го откаже летот бидејќи нема да биде во можност да му го достави автомобилот.

Поради ова, Коломејцев не се качил на кобниот лет.

„Сега, кога ќе се обидам да размислам за ситуацијата“ вели тој „морници ме полазуваат“. „Ова е навистина ужасно. Не можам да замислам што би правел ако некој од моите најблиски беше на тој лет“, вели Коломејцев за РТ. Тој изразил сочувство на семејствата на загинатите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This