ЧОВЕКОТ КОЈ ИМАШЕ ВИСОКА ФУНКЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА СМPTTА НА ЕДЕН И ATEНТАТОТ НА ДРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Улогата на Пендаровски во aтeнтaтот на Глигоров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски од 1993 до 1998 година беше шеф на кабинетот на Диме Ѓурев, кој беше на чело на Бирото за јавна безбедност во МВР. Овој дел од кариерата Пендаровски не го објавува во својата биографија, најверојатно зошто беше на таа позиција за време на атентатот на Киро Глигоров.

Овие податоци за претседателскиот кандидат беа изнесени во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, во која гостуваше Љупчо Палевски.

Пендаровски на почетокот од својата кариера бил високо позициониран во МВР, и според податоците на Ефтов и Палевски, тој потекнувал од полициска фамилија. За време на транзиција и aтeнтaтoт на пораншниот претседател Глигоров, актуелниот претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ се наоѓа на позицијата шеф на кабинетот на БЈБ Диме Ѓурев. Таа била негова прва висока функација во МВР.

– Од ’93 до ’98 година Стево Пендаровски нешто работел во МВР, бил шеф на кабинет на Диме Ѓурев. Нашата јавност веројатно има заборавено кој беше Диме Ѓурев. Тој беше на чело на јавна безбедност, ’95 година кога се случува aтeнтaтoт врз Киро Глигоров. Значи Стево Пендаровски е шеф на кабинет на Диме Ѓурев. Беше ли вклучен Диме Ѓурев во таа трговија со нафта? – посочува Ефтов.

Палевски пак, му ги потврди информациите на Ефтов.

– Па како не, не може да не биде вклучен кога е директорот на јавна, денеска е тоа БЈБ. Тогаш беше секретарско место. – вели Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This