ЧОВЕКОТ НЕ ЖИВЕЕ ВО БУТЕЛ, ШТО ОЧЕКУВАВТЕ?: Градоначалникот на Бутел не се појавил во општината, но си ги вработил роднините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велат дека моќта корумпира, но апсолутната моќ корумпира апсолутно. За жал дури и локалната самоуправа се покажа како преголем залак за градоначалникот од редовите на СДСМ во Бутел, Велимир Смилевски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата предизборната кампања за локалните избори ги предупредуваше граѓаните дека Смилевски воопшто не живее во општина Бутел туку живее во општина Центар и дека воопшто не му е грижа за проблемите во општината. Токму ова предупредување се оствари, ниту едно од предизборните ветувања и проблеми кои Смилевски вети дека ќе ги реши не се разрешени, а граѓаните секојдневно живеат со своите локални проблеми.

Граѓаните забележуваат и дека тој воопшто не поминува време во општината, а парите кои ги заработува од матни зделки и како што вели нашиот извор рекетирање на фирми ги троши надвор од државата.

Додека тој е надвор од државата или општината со општината раководат неговите роднини и блиски другари. Меѓу многуте проблеми кои ги создал Смилески според граѓаните огромен проблем е и непотизмот.

Имено според нашите читатели општина Бутел е претворена во семејна фирма, братучедот на Смилевски е шеф на неговиот кабинет, а неговата братучедка е советник во општината. На раководна позиција добила и ќерката на неговиот партнер од неговиот приватен бизнис. Останатиот дел од неговата фамилија е вработен на подолни позиции во општината.

Смилевски како што се говори во јавноста го обвинуваат и за корупција и местење тендери. Според гласините кои се шират низ Бутел, тендерот за осветлување и поправка на улиците ги добива неговиот кум, а и Смилевски самиот лично со својата приватна фирма добива државни тендери.

Критики за неговата работа пристигнуваат и од членовите на СДСМ, но поради страв не можат да јавно да говорат за наводните криминални дејства на градоначалникот бидејќи сопругата на Смилевски е на висока позиција во МВР и во повеќе наврати им се заканувала со кривични пријави. Сопругата на Велимир Смилевски по доаѓањето на власт на СДСМ била унапредена на висока позиција во МВР. На прашањето што мислите за новиот градоначалник Граѓаните од општина Бутел, најчесто велат ,,дојде живот за Велимир’’, како и ,,фамилијарна окупација на општина Бутел”.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This