ЧОВЕШТВОТО ДОБИ ЗАЕДНИЧКИ HEПPИJATEЛ: Папата го поддржа апелот на Гутереш за примиpje ширум светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го поддржа минатонеделниот апел на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш за прогласување на примирје секаде, со цел светот да се форкусира на борба против пандемијата на Ковид-19.

Поглаварот на Римокатоличката црква за време на традиционалното обраќање до верниците во недела апелираше да запрат сите облици на непријателства и да се фаворизира создавање на коридор за хуманитарна помош, дипломатски напори и внимание за сите оние кои се во ситуација на голема ранливост.

Папата Франциск посочи и дека неговите мисли се со тие кои се принудени да живеат во групи, воени касарни, затвори.

Папата и денеска се обрати до верниците преку видео, од својата приватна библиотека во Апостолската палата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This