ЧОРБА ЗА „ПЕЕВЧЕ“, И KAЗHA ОД „ПЕТ СОМА“: Haчaлници од СВР Охрид отвориле хотел за да јадат чорба и да пијат кафе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следејќи ја максимата – прави што велам, не гледај што правам, и полицајците од СВР Охрид наместо да ги спроведуваат препораките на владата и наредбите на МВР, си терале кафе и ручеци во хотел на струшката ривијера

Вчера, во 12.30 часот во хотел на струшката ривијера при контрола од страна на началникот на ОВР Струга Дритај Ајро, командирот на ПС Струга Абдулкерим Камбери, заменик командирот Борче Тодороски и шефот на ДПИ од Струга, заедно со други полициски службеници ги затекнале началниците Ж.Л. и С.С. на СВР Охрид кои во хотелот си терале ручек и кафе-муабет.

Чорбата и кафето на началниците од СВР Охрид им преседнала, кога нивните претпоставени заедно со претставник на Државниот пазарен инспекторат направиле записник за прекршување на мерките на владата, и непочитување на наредбите.

Според информациите на „Инфомакс“, прекршителите се лица кои се вработени во СВР Охрид како кадар на владејачката партија СДСМ.

Казна ќе добие и сопственикот на хотелот.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, кај раководителите во МВР бил вршен силен притисок настанот да биде забошотен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This