April 24, 2024, 12:54 pm

ЧОРБА ЗА 50-ЧЕ, И СЕЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА: Седна во фотеља и заборави на болните, умрените бебиња, заборави на сиромашните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Дојде живот“ во Македонија, особено убав живот за твитерџијата Влатко Васиљ, „борецот“ за демократија, кој откако се „смести“ во удобните фотељи во Владата, нашата земја стана „рај“ на балканот.

За Влатко повеќе нема нечисти улици, нема сообраќајен метеж, нема гладни луѓе, бебињата повеќе не умираат во болниците, а платата на луѓето изнесува 500 евра.

Очигледно владата на Зоран Заев имала волшебно стапче, па сега Васиљ нема за што да „штрака“ на неговата тастатура.

Меѓутоа да не се лажеме. Во Македонија никогаш не било полошо.

Но, по се изгледа на Влатко повеќе му одговара да се прави слеп и глув, бидејќи платата која ја добива како советник задолжен за комуникација со социјални мрежи во владата на Зоран Заев, воопшто не е за потценување.

Влатко кој со месеци и години пишуваше за партиските вработувања, наеднаш замолче. Наеднаш му исчезна инспирацијата да напише „фејсбук-статус“ на неговиот профил и да ја обвинува државата дека е виновна зошто надвор времето е облачно, наместо сончево.

Откако дојде на власт неговиот „шеф“, во Македонија не само што престанаа да се иселуваат младите, туку започнаа и да се враќаат, бидејќи економијата „цвета“…

Влатко веќе стотина дена има заборавено и на децата и луѓето кои чекаат пари за лекување од фондот, а за кои се „бореше“ со последни сили на неговата тастатура.

Дефинитивно дојде живот, ама живот за Влатко Васиљ…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This