ЧУВАЈ НЕ БОЖЕ!: Заев ќе раководи со министерството за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот за именување на новите министри ќе биде доставен до Собранието, најави денес Зоран Заев од Валандово.

Според наведеното, Заев ќе ги предложи Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Драган Тевдовски исто така ќе го напушти министерството за финансии, а функцијата ќе ја преземе лично лично Зоран Заев, паралелно со функцијата претседател на Владата.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки. – рече Заев

Заев исто така им се заблагодари на досегашните министри кои заминуваат од функциите со оваа мини реконструкција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This