April 24, 2024, 10:28 pm

Чудата на манастирот во Рајчица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На патот Дебар – Маврово, во чудесната живописна природа, на брегот на Дебарското езеро се наоѓа малиот рај на земјата – манастирот “Свети Горѓи Победоносец” во Рајчица. Тука ќе ве дочекаат насмеаните лица на љубезните гостопримливи сестри.

Во овој беспрекорен мир и спокој, во послушание, денес живеат десет монахињи ветени на испоснички живот. Посебен благодeт за посетителите се моштите на Свети Горѓи кои се вистинска реткост. Сместени се во ,Рака” изработена од филигран, сребро и злато. Чуден е и самиот пат како моштите од Света Гора пристигнаа во Рајчица.

– Кога нашиот игумен појде во Атина таму му пристапил еден светогорски архимандрид, кој што бил ефимериј во црквата во Атина и баш со звборовите толку време ги чувам овие мошти за да ви ги дадам, тоа беше за нас едно големо чудо моштите на Свети Ѓорги се многу ретки ,вели сестра Варвара најстарата сестра во манастирот.

Од моштите на светителот се шири волшебна мирисна арома, а се верува дека со молитва и поклонение исцелуваат од сите болести.

– Кога дојде нашиот игумен со моштите во манастирот почна од нив да се шири едно благоухание, една прекрасна миризба која од 2003 година до денес откако ги имаме постојано се чуствува. Тоа е од микромиро точењето и забележавме многу случаи каде што моштите помагаат на луѓето за исцеление на болести, вели сестра Варвара.

Манастирот е надалеку познат и по тоа што единствено овде се изработуваат митрите за цело православие. Вредните раце на сестрите со златна срма, бисер по бисер ги нижат митрите за Русија, Грција, Ерусалим, Африка,Романија, Америка…

– Досега имаме изработено преку 500 митри, имаме изработено митри за скоро цело православие за сите наши патријарси вклучително и вселенскиот патријарх, ерусалимскиот патријарх, имаме изработено митра за бугарскиот патријарх, за романските и за патријархот и за други владици, додава сестра Варвара.

Екипата на Канал 5 деновиве беше во Рајчица, ги најдовме сестрите како неуморно се подготвуваат за Христовото раѓање. Неверојатно креативни изработуваат прекрасни Божиќни пештери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This