Чу­деc­ни­от и3­воp во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“во скопско Говрлево: И3обилcтво од леkовити води

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чу­дес­ни­от из­вор во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, из­во­рот за подм­ла­ду­ва­ње, комп­ле­ксот ма­на­сти­ри и свет­ски приз­на­та­та ар­хе­о­ло­шка ре­ткост Адам од Ма­ке­до­ни­ја, не­де­ши­фри­ра­но­то пис­мо слич­но на гла­го­ли­ца­та и при­каз­на­та за из­ле­ку­ва­ње­то на рим­ски­от им­пе­ра­тор Ју­сти­ни­јан Пр­ви, се поз­на­ти­от дел од бо­га­та­та риз­ни­ца на ми­сте­рии чу­ва­ни од мир­но­то скоп­ско се­ло

Рас­пос­ла­но на јуж­ни­те па­ди­ни на Вод­но, источ­но од ре­ка­та Тре­ска, во не­по­сред­на бли­зи­на на Скоп­је, а се­пак да­ле­ку од град­ска­та вре­ва, ме­ѓу Све­та Пе­тка, Сол­ње, Ба­ро­во, Осин­ча­ни и Чиф­лик, из­ви­ра, ка­ко што мно­гу­ми­на го на­ре­ку­ва­ат, цен­та­рот на европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја, кро­тко­то и ти­вко Го­вр­ле­во. Се­ло­то бо­га­то со исто­ри­ја и со ми­сте­рии е ре­чи­си на­пу­ште­но уште во ми­на­ти­от век, а са­мо три пре­о­ста­на­ти ог­ни­шта му пр­ко­сат на за­бот на вре­ме­то и на не­ми­ло­срд­но­то остри­ло на ци­ви­ли­за­ци­ја­та и све­до­чат за не­кои по­и­на­кви слу­чу­ва­ња.

Чу­дес­ни­от ле­ко­вит из­вор во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, из­во­рот за подм­ла­ду­ва­ње, комп­ле­ксот ма­на­сти­ри и на­чи­нот на кој се во­зоб­но­ве­ни на зем­ни­от свет, ка­ко и свет­ски приз­на­та­та ар­хе­о­ло­шка ре­ткост Адам од Ма­ке­до­ни­ја, не­поз­на­то­то пис­мо слич­но на гла­го­ли­ца­та, кое сѐ уште не е де­ши­фри­ра­но и при­каз­на­та за из­ле­ку­ва­ње­то на рим­ски­от им­пе­ра­тор Ју­сти­ни­јан Пр­ви, се поз­на­ти­от дел од бо­га­та­та риз­ни­ца ми­сте­рии чу­ва­ни од ова мир­но скоп­ско се­ло.

За мно­гу­ми­на, Го­вр­ле­во е рас­ад­ник на ми­с те­рии и на чу­да и нај­го­лем поз­нат из­вор на ле­ко­ви­ти во­ди во зем­ја­ва.

Ле­ген­да­та за ита­ли­јан­ска­та прин­це­за Гор­ди­ли­ја­на и за ма­на­сти­ри­те во Го­вр­ле­во
Ле­ген­да­та за ќер­ка­та на ита­ли­јан­ски­от цар Гор­ди­ли­јан, Гор­ди­ли­ја­на, се слу­чу­ва пред око­лу 600 го­ди­ни. Спо­ред ка­жу­ва­ња­та, таа би­ла на­пад­на­та од не­ко­ја чуд­на бо­лест и жи­ва се фр­ла­ла во оган и во во­да. Ца­рот ги со­брал си­те поз­на­ти ле­ка­ри во тоа вре­ме, но ни­кој не мо­жел да и го нај­де ле­кот. Ра­зо­ча­ран и не­мо­ќен, му се по­мо­лил на Гос­под, кој пре­ку гла­сот на ќер­ка му му по­ра­чал де­ка мо­же да ја исе­чи са­мо све­ти Три­фун.

Ле­ген­да­та на­та­му ве­ли де­ка Гор­ди­ли­јан пре­ку сво­и­те глас­ни­ци го про­на­шол све­ти Три­фун ду­ри во Ма­ла Ази­ја. Отка­ко све­те­цот му ја из­ле­ку­вал ќер­ка­та, на пат кон до­ма по­ми­нал и низ Ма­ке­до­ни­ја. Во мо­мен­тот ко­га бил на ме­сто­то ви­ка­но Бр­зо­вец, спо­ред ле­ген­да­та, Гос­под му на­ре­дил да на­пра­ви бож­ји хра­мо­ви на све­ти Три­фун, све­ти Тро­и­ца, све­тите Пе­тар и Пав­ле, а по­доц­на и на света Ма­ри­на. За­ед­но со нив бил из­гра­ден и ко­нак, а и ма­на­сти­ри­те и ко­на­кот со те­кот на вре­ме­то би­ле ур­на­ти. Од нив оста­на­ле са­мо те­ме­ли­те, за­ко­па­ни дла­бо­ко под зем­ја­та.

Сѐ до пред ре­чи­си еден век, ко­га, спо­ред дру­ги ка­жу­ва­ња во Го­вр­ле­во, Гос­под го из­брал ла­ма­ри­на­рот Бо­рис од Ку­ма­нов­ско и му на­ре­дил по­втор­но да ги из­гра­ди за­гу­бе­ни­те вер­ски хра­мо­ви.
На сон му ре­кол: оди на ри­дот, јас со ја­же ќе ме­рам, ти ќе ко­паш и пак ќе ги из­гра­диш хра­мо­ви­те. Се­ла­ни­те од Дол­но Сол­ње рас­ка­жу­ва­ат де­ка оваа при­каз­на е ви­сти­ни­та и де­ка из­вес­но вре­ме пред тој да по­чи­не, ма­на­сти­ри­те ги по­се­ту­ва­ло не­го­во­то се­мејс­тво.

Тие ве­лат и де­ка мно­гу вер­ни­ци ги по­се­ту­ва­ат хра­мо­ви­те со на­деж де­ка ќе нај­дат спас за сво­и­те ма­ки.

– Дој­дов­ме да му се по­мо­ли­ме на Гос­под за здрав­је на на­ше­то се­мејс­тво. Да се на­пи­е­ме од ле­ко­ви­ти­те во­ди и да го по­чув­ству­ва­ме ми­рот што го крие во се­бе ова све­то пар­че зем­ја. Ќе си по­не­се­ме од ле­ко­ви­ти­те во­ди со нас. Со­пру­гот е ро­дум од се­ло­то Сол­ње и ја ко­ри­сти­ме се­ко­ја при­го­да ко­га сме во Ма­ке­до­ни­ја да пој­де­ме во Го­вр­ле­во, кое, за жал, одам­на не е тоа што бе­ше – рас­ка­жу­ва До­брин­ка Бо­жи­нов­ска, ко­ја по­ве­ќе од че­ти­ри­е­сет го­ди­ни жи­вее во Ав­стра­ли­ја.

Во ма­на­сти­ри­те „Све­ти Три­фун“ и „Све­тите Пе­тар и Пав­ле“ има ду­хов­ни гро­бо­ви, а крај нив се по­ста­ве­ни ду­ше­ци на кои вер­ни­ци­те прес­пи­ва­ат. Ле­жат по­крај ду­хов­ни­те гро­бо­ви и се мо­лат за по­мош. Се­ла­ни­те од се­ла­та око­лу Го­вр­ле­во рас­ка­жу­ва­ат за мно­гу слу­чаи во кои лу­ѓе со ма­ка за­ми­ну­ва­ле среќ­ни и нас­ме­а­ни. За из­ле­ку­ва­ни ми­сте­ри­оз­ни кож­ни бо­ле­сти, рес­пи­ра­тор­ни проб­ле­ми, проб­ле­ми со плод­ност, со вид и слич­но.

– Сѐ уште се пре­ра­ска­жу­ва при­каз­на­та за две­те же­ни, кои по три­на­е­сет го­ди­ни до­че­каа по­род. Ед­на­та од нив рас­ка­жу­ва­ше де­ка не­кој глас ѝ ре­кол да дој­де во ма­на­сти­рот и це­ли че­ти­ри­е­сет де­но­но­ќи­ја да па­ли кан­ди­ло. Да до­не­се и лул­ка и сѐ што е по­треб­но за бе­бе и да ги оста­ви да сто­јат во ма­на­сти­рот – рас­ка­жу­ва­ат се­ла­ни­те.

Ма­на­сти­рот „Све­ти Три­фун“ е сме­стен на про­стран рид со пре­кра­сен ви­дик на це­ла­та око­ли­на зад Вод­но. Во цр­ков­ни­от двор, по­крај цен­трал­ни­от, се из­гра­де­ни и по­ве­ќе ма­ли вер­ски хра­мо­ви во име на све­та Тро­и­ца, све­тите Пе­тар и Пав­ле, све­та Не­де­ла, све­та Пе­тка и на све­та Ма­ри­на.

Ле­ко­ви­та во­да во „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“

Во под­нож­је­то на ри­дот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс, под ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Го­вр­ле­во, во бли­зи­на на Дол­но Сол­ње, се на­о­ѓа цр­квич­ка­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, ко­ја е поз­на­та ме­ѓу вер­ни­ци­те по ле­ко­ви­та­та во­да што из­ви­ра во неј­зи­ни­от ол­та­рен дел.

Из­гра­де­на во по­но­во вре­ме, 1936 го­ди­на, на ме­сто на кое из­ви­ра­ла во­да, оваа цр­ква е дел од прес­но­то се­ќа­ва­ње на жи­те­ли­те на окол­ни­те се­ла.

– По мно­гу раз­лич­ни не­вол­ји и не­сре­ќи што се слу­чу­ва­ле по­ра­ди ко­ри­сте­ње­то на во­да­та од ле­ко­ви­ти­от из­вор за не­по­треб­ни це­ли, на еден од се­ла­ни­те му се со­ни де­ка таа е ле­ко­ви­та и де­ка на ме­сто­то тре­ба да по­диг­не храм на све­ти­те Куз­ман и Дам­јан, во пра­вос­лав­ни­от свет поз­на­ти и ка­ко ле­ка­ри, кои ни­кој не мо­жел да ги ку­пи, ви­ка­ни све­ти­те бес­сре­бре­ни­ци. Низ го­ди­ни­те, цр­квич­ка­та е це­лос­но ре­но­ви­ра­на и де­нес има пре­у­бав изг­лед. Пре­пол­на е за вре­ме на ви­кен­ди­те и на вер­ски­те праз­ни­ци. Вер­ни­ци­те ја ко­ри­стат во­да­та за проб­ле­ми со ви­дот и со ко­ле­на­та и мно­гу­ми­на од нив чу­до­твор­но би­ле из­ле­ку­ва­ни – об­јас­ну­ва­ат ло­кал­ни­те жи­те­ли од се­ла­та око­лу Го­вр­ле­во.

Из­во­рот со во­да­та за ко­ја мно­гу­ми­на ве­ру­ва­ат де­ка е ле­ко­ви­та се на­о­ѓа во цр­ква­та. Огра­ден во фор­ма на крст, тој е ло­ци­ран точ­но во ол­та­рот на пра­вос­лав­ни­от храм по­све­тен на све­ти­те Куз­ман и Дам­јан, под фре­ска со мо­ти­ви на кои се при­ка­жа­ни вер­ни­ци пред чу­до­твор­на­та во­да.

Ед­на дру­га ле­ген­да за оваа цр­ква, пак, ве­ли де­ка слав­ни­от рим­ски им­пе­ра­тор ро­ден во око­ли­на­та на Скоп­је, Ју­сти­ни­јан Пр­ви, во неа про­на­шол лек за сво­ја­та бо­лест.

Govrlevo-izvor-3

Во­да за подм­ла­ду­ва­ње
На са­мо не­кол­ку ме­три од не­ти­пич­ни­от храм со ле­ко­ви­та во­да во ол­та­рот, се на­о­ѓа уште ед­на чеш­ма, спо­ред мно­гу­ми­на, со чу­до­твор­на моќ. Се ве­ру­ва де­ка во­да­та за подм­ла­ду­ва­ње, ка­ко што ја на­ре­ку­ва­ат, бла­го­твор­но по­ма­га при ос­ла­бен иму­ни­тет и де­ка си­те што пи­е­ле од неа по­чи­на­ле од ста­рост, а не од бо­лест.

– Се слу­ша­ат и рас­ка­жу­ва­ат раз­лич­ни при­каз­ни и суд­би­ни. Во ма­на­стир­ски­от комп­лекс по­сто­ја­но до­а­ѓа­ат лу­ѓе за да се по­мо­лат за здрав­је и за да ги ко­ри­стат во­ди­те за кои ве­ру­ва­ат де­ка се ле­ко­ви­ти. Не­кои се фа­лат де­ка си го вра­ти­ле или по­до­бри­ле ви­дот, а иста­та во­да од ста­ри­от кла­де­нец во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“ на мно­гу­ми­на им ги из­ле­ку­ва­ла бол­ни­те ко­ле­на и но­зе. За во­да­та за подм­ла­ду­ва­ње, пак, се пре­ра­ска­жу­ва де­ка не са­мо што го по­до­бру­ва иму­ни­те­тот ту­ку по­ма­га и за апе­тит – об­јас­ну­ва­ат Пе­ро Ки­та­нов­ски од Дол­но Сол­ње и Трај­че Бо­жи­нов­ски од Мел­бурн, ро­ден во Го­вр­ле­во.

Ми­сти­ка се чув­ству­ва на се­кој агол од слав­но­то Го­вр­ле­во. Од ма­на­сти­рот „Све­ти Или­ја“ над се­ло­то, пре­ку на­пу­ште­ни­те трош­ни ку­ќи, до ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет во кој е про­нај­ден Адам од Ма­ке­до­ни­ја за кој на­уч­ни­ци­те ве­лат де­ка е единс­тве­на ар­хе­о­ло­шка ре­ткост во све­тот, кој спа­ѓа ме­ѓу де­сет­те најз­на­чај­ни свет­ски ар­хе­о­ло­шки на­о­ди и прет­ста­ву­ва спо­ме­ник на чо­веш­тво­то и на европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја.

Зи­ма­та, ко­ја е на пор­ти­те, ќе до­не­се уште по­ин­те­рес­ни ви­бра­ции во се­ло­то, кое зра­чи со по­зи­тив­ни ви­бра­ции. Иа­ко ре­чи­си на­пу­ште­но, Го­вр­ле­во со ши­рум отво­ре­ни пор­ти ги пре­че­ку­ва си­те до­бро­на­мер­ни­ци, кои во по­тра­га­та за лек за не­ко­ја ма­ка го вра­ќа­ат и не­ко­гаш­ни­от дух на се­ло­то.

– Оста­на­ти се са­мо три ку­ќи, а не­ко­гаш беа осум­де­сет. Си­те за­ми­наа в град за по­до­бар жи­вот. Не­ко­гаш имав­ме по­ве­ќе од осум­сто­ти­ни жи­те­ли. Де­нес, најм­но­гу го по­се­ту­ва­ат пра­вос­лав­ни­те вер­ни­ци што чу­ле за чу­до­твор­ни­те ме­ста во се­ло­то. И, до­бре­дој­де­ни се – по­ра­чу­ва осум­де­сет и осум­го­диш­ни­от То­де Вел­ков­ски, жи­тел на скоп­ско Го­вр­ле­во.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This