April 23, 2024, 10:34 am

ЧУДНИ КОМБИНАТОРИКИ: По изборите ДУИ влегува во опозиција, „одметнатите“ му се приклучуваат на Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По затегнатата ситуација и меѓупартиски односи кои, формално, зовреа откако министерката Мила Царвеска објави дека од пензискиот фонд недостасуваат 19 милиони евра кои одат на душа на функционер на ДУИ, се заредија неколку јавни инциденти помеѓу ДУИ и СДСМ завршно со инцидентот во Собранието при неуспешниот обид да му се одземе пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на парламентот, а сега пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски, пишува порталот vecer.mk.

Јазот помеѓу двете партии е преголем за да може да де серши со разговори помеѓу Заев и Ахмети.

Извори на Вечер веќе неколку пати потврдуваат дека и од битната амбасада во Скопје веќе се на став дека ДУИ треба да излезе од владата и да се маргинализира, корупцијата е само главна но не и единствена причина. Нивните десет пратеници би биле компензирани со осумте пратеници кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ и неколкумина од другите албански партии, пред се од Беса и Алтернатива, а во таа нова влада две места се резервирани за поранешни министри од ВМРО ДПМНЕ кои сега се противници на Христијан Мицковски.

Во овој период, пред изборите, и СДСМ и ДУИ имаат интерес на избори да не се појават сами поради ризик од лош резултат при мала излезност па затоа се трудат да се спогодат околу заеднички кандидат и со заеднички сили да добијат повеќе гласови од ВМРО ДПМНЕ а тоа би им бил и псоледен заеднички политички договор во коалија.

По претседателските избори – следи разделба.

Симптоматично е дека денес Али Ахмети говори на ист начин, со истиот вокабулар како што зборуваше и кога се случи раскинување на соработката со ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека утре ќе се сретне со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со кого ќе разговараат за заеднички претседателски кандидат, како и за политичката ситуација.

По средбата вечерва во скопското седиште на партија со шефот на албанската дипломатија Гент Чакај, Ахмети изрази уверување дека ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.

Тој рече дека нема проблеми во функционирањето на владеачката коалиција, коментирајќи ја при тоа изјавата на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири дека е можна влада без ДУИ.

-Ве уверувам дека нема преписки меѓу коалициските партнери. Можно е да постојат разлики за одредени прашања што не го загрозуваат интегритетот или моралот на ДУИ или СДСМ. Земјата има потреба за повеќе мир, комуникација и соработка помеѓу политичките сили на власт и опозицијата.

Ниту опозицијата не може да се исклучи од овие важни процеси. Доколку може да има влада без ДУИ би рекол дека се прави голема грешка, но тоа може да биде изјава на член или на функционер на СДСМ кој нема одговорност за големата историска мисија што ја има Република Македонија. Јас во оваа ситуација имам одговорност пред граѓаните на Македонија било да се Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи и во оваа ситуација не се служам со политичка емоција за дневна политика, за рејтинг итн. Јас сум за национална политика, која е корисна за сите граѓани, рече Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This