ЧУДOTBOPHATA MOЌ НА „ДЕВОЈАЧКИ КАМЕН“ ВО КУЧКОВО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прва легенда: Околу овој камен се собирале млади девојки и играле оро. Дувнал силен ветер и ја удрил едната од девојките која паднала врз каменот, а по тој настан местото, однсоно каменот бил наречен Девојачки камен.

Втора легенда: Жени кои не можеле да имаат млеко земале од каменот, го вареле и пиеле од него. По оваа легенда бил крстен Девојачки камен.

На два­е­се­ти­на ки­ло­мет­ри од цен­та­рот на Скоп­је, во мес­нос­та Го­лем Осој во Куч­ко­во, се на­о­ѓа ва­ров­нич­ка кар­па на­ре­че­на “Де­во­јач­ки ка­мен”, за ко­ја се ве­ру­ва де­ка има чу­дот­вор­на моќ. На ова мес­то до­а­ѓа­ат ле­ун­ки кои не­ма­ат мле­ко, но и де­вој­ки кои не се ма­же­ни, греб­ну­ва­ат од ка­ме­нот и прав­та ја ме­ша­ат со куч­ков­ска во­да. Се ве­ру­ва де­ка од тој на­пи­ток, на мла­ди­те мај­ки вед­наш им на­до­а­ѓа­ло мле­ко, а на де­вој­ки­те им се од­вр­зу­ва­ла сре­ќа­та и на­бр­гу се ма­же­ле.

Во до­лот под кар­па­та се на­о­ѓа­ат две из­вор­чи­ња со ле­ко­ви­те во­да за ко­ја на­ро­дот ве­ру­ва де­ка по­ма­га за оч­ни бо­лес­ти. Из­во­ри­те се ви­ка­ат Ми­јо­чи, а мес­то­то Коњ­ска но­га, би­деј­ќи се ве­ру­ва де­ка ту­ка по­ми­нал Кра­ле Мар­ко со ко­њот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This