ЧУДОТО ОД ДЕТЕ, МАКЕДОНСКИОТ РОКИ СО ПОДДРШКА ЗА СТОИЛОВ: Јас сум со тебе и мене ќе ми викаат дека сум нестабилен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кристијан Воденски, е македонскиот млад и талентиран 12-годишен борач кој живее во Франкфурт, Германија бешее номиниран за наградата „Чудо од дете“ во боречките спортови во земјата.


Имено Воденски (роден 27. Септември 2005 год.), поседува неверојатен талент за боречки вештини, а има добиено повеќе награди во различни боречки категории.


Тој сега даде поддршка за својот колега спортиста Стојанче Стоилов кој демонстративно го напушти доделувањето настанот на кој се избира спортист на годината, бидејќи за прв пат настанот беше двојазичен.

-Јас сум со тебе, напиша Кристијан Воденски од својот Фејсбук профил.

Во друг свој пост пак Воденски имајќи ја во предвид изјавата на советникот за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен,иронично напиша:

-И мене ќе ми викаат дека сум нестабилен.

Воденски Теквондо тренира од својата петта година, а сега тренира и кик-бокс, бразилско џиу џицу и борење. Кристијан живее и тренира во Германија, а неговото потекло е од Македонија, неговиот татко Ванчо Воденски е од беровско Русиново, а мајка му од Струмица.


Иако многу германски тренери се заинтересирани за талентираниот Кристијан, сепак најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист а воедно и негов личен тренер.

Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Како што пренесува на својата официјална фејсбук страница, Кристијан одлучи сите негови настапи во класично борење да бидат под знамето на нашата земја, Македонија.

“Германската Кикбокс федерација ми понуди да се борам за нив, јас и мојот татко одлучивме дека нема да се борам за Германија, наместо тоа ќе чекам да наполнам 10 години и ќе чекам да настапувам само за Македонија. Исто така решивме дека моите национални настапи во класично борење (слободен стил и грчко римски стил) и бразилско џиу џицу ќе бидат под знамето на Република Македонија“ – Поздрав Кристијан Воденски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This