April 19, 2024, 11:18 am

ЧУДО ВО ЦРКВАТА СВЕТИ ПЕТКА: Дете на патерици започнува нормално да оди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во црквата Света Петка во Солун се случило вистинско чудо откако дете кое се движело со помош на патерици започнало нормално да движи, ова чудо има неворајтни 1 милион и 400 прегледи и едно од најгледаните на балканот па и пошироко. Овие работи се случуваат ретко и не може да се објаснат никако, погледнете го ВИДЕОТО.

Θαύματα γίνονται όταν έχεις πίστη στον Χριστό, δείτε το παιδακι πως θα πετάξει τις πατερίτσες και θα περπατήσει κανονικά μέσα σε δάκρυα που κυλούν από τα μάτια του Αγία Παρασκευή Λαγκαδά Θεσσαλονίκης.. Η Ανακοίνωση της μητέρας του παιδιού: Το παιδί δεν είναι ανάπηρο ή παραπληγικό έκανε ότι κάνει ένα παιδί της ηλικίας του. Ποδόσφαιρο, ποδήλατο και σκανταλιές. Εγχειρήστηκε στο πέλμα για κάτι που προέκυψε. Να τονίσω βέβαια το γεγονός ότι μιλάμε για εγχείρηση που απαιτεί λεπτούς χειρισμούς, από την επόμενη μέρα έπρεπε σύμφωνα με τις οδηγίες του γιατρού να ξεκινήσει ελαφρύ περπάτημα και μέρα με την μέρα θα βελτιωνόταν. Διστυχως παρόλες τις καθημερινές προσπάθειες ούτε μισό βήμα δεν κατάφερε, πονούσε και το αισθανόταν αδύνατο. Εμείς πήγαμε για την ευλογία (διότι δεν ξέραμε πότε θα μας ξαναδινόταν η ευκαιρία να προσκυνήσουμε τον θαυματουργό Σταυρό)και για καλή ανάρρωση στο παιδί. Αυτό που συνέβη όμως ήταν απρόσμενο, ότι αισθανθήκαμε δεν θα το ξεχάσουμε ποτέ στην ζωή μας. Ναι είναι θεία παρέμβαση,Το γεγονός είναι πέρα για πέρα αληθινό.

Posted by Αγαπώ τον Χριστό on Tuesday, June 26, 2018

Вакви свети места постојат повеќе, луѓето одат и токму на овие места го бараат својот спас, меѓу ваквите свети места е и манастирот Острог, која е тајната на манастирот Острог, чудотворното светилиште во кое се излекувале многумина

Верниците се редат еден зад друг. Се поклонуваат пред моштите. Го допираат платното со кое се покриени. Сето тоа се прави тивко. Монахот што постојано е покрај нив вели дека моштите се откриваат само во одредени денови, за време на големите празници. Ова духовно светилиште го посетуваат православни, католици, но и муслимани. Тука не ги делиме луѓето според верата. Свети Василиј им помага на сите, велат монасите.

Сонцето ги осветлува карпестите ѕидини на планината Острошка Греда. Излезот од Даниловград во Црна Гора води кон пат полн со кривини. Густата шума полека го открива духовното светилиште на свети Василиј Острошки. Оддалеку изгледа како да е залепен за карпата. Тоа е Горниот манастир. Во него има две пештерски цркви. Во едната лежат моштите на свети Василиј, а другиот храм бил место каде што служел светецот. Таму нема живеалишта за монасите. Тие се сместени во Долниот манастир. Меѓу нив се наоѓаат неколку цркви.

Зачудувачките погледи на верниците кон манастирот откриваат верба и надеж. Решиле да го посетат овој храм и да му се поклонат на светецот токму пред Бадник и Божиќ. Во манастирот ќе седат и на празничните литургии.

– Мајка ми е тешко болна. Дојдов да се помолам за нејзиното здравје. Верувам во исцелителната моќ на светецот – вели Ивана.

Монасите ѝ даваат света вода и масло со кое треба да го измие лицето на мајка си. Велат дека така болките ќе ѝ се намалат, а таа ќе се чувствува подобро.

Празнувањето на Христовото раѓање во манастирот се одвива исто како и во секоја православна црква. Поради големата посетеност, духовниците одлучиле овие денови да ги поминат во разговор со верниците. Велат дека само така ќе ја доловат суштината на празниците.

– Ова духовно светилиште го посетуваат православни, католици, но и муслимани. Тука не ги делиме луѓето според верата. Свети Василиј им помага на сите -додаваат монасите.

СВЕТИ ВАСИЛИЈ СЕ ЈАВУВАЛ НА СОН

Верниците се редат еден зад друг. Се поклонуваат пред моштите. Го допираат платното со кое се покриени. Сето тоа се прави тивко. Монахот што постојано е покрај нив вели дека моштите се откриваат само во одредени денови, за време на големите празници. Без благослов од владиката Амфилохије, кој е надлежен за Српската црква во Црна Гора, не може да се фотографира во црквата.

– Моштите воопшто не се распаднати. Толку се цврсти што од нив не може да се откине ниту едно парче – вели монахот Илија.

Продолжува да ја раскажува приказната како биле откриени моштите на свети Василиј.

 

– Светителот му се јавил на сон на некој свештеник и му рекол да го отвори неговиот гроб. Овој не го послушал, па затоа уште неколку пати свети Василиј му се јавувал на сон. Откако почувствувал дека треба да оди во Острог и да го стори тоа, свештеникот се упатил кон Острог. Откако се дал на пост, по седмиот ден го отворил гробот и го видел неговото неизгниено тело, жолто како восок од кое излегувала благопријатна миризба на босилек. Телото било пренесено во пештерската црква, каде што се наоѓа и денес – вели отецот Илија.

ПРАВОСЛАВНА ТЕРАПИЈА

На прагот од црквата стои и отецот Арсеније. Со темни очила, црвенкаста брада и широка насмевка ги пречекува сите добронамерници што дошле да се поклонат на моштите на свети Василиј. Веќе две и пол години живее во Острошкиот манастир. По струка е стоматолог, но со професијата речиси не се занимавал. Откако се замонашил, преокупација му е православната психотерапија. Се обидува да ги излечи оние што се скршени и што сфатиле дека немаат контрола над самите себеси. Вели дека терапијата е успешна само кај оние што се држат до принципите на лекувањето.

– Ги лекувам наркоманите и алкохоличарите, но и оние што се зависни од пиење разни таблети. Секојдневно имам контакт со два-тројца духовни пациенти. Ние не можеме да одиме и да ги спасуваме луѓето на сила, туку им помагаме само ако ни се обратат. Првичната терапија е со молитва – вели отецот Арсеније.

Во манастирот најмногу се лекуваат психичките болести. Но успех има и кај оние што немаат деца.

ЗА*ИСНИК, ПА МОНАХ

Налето во дворот на манастирот спијат илјадници верници. Постилаат черга и по цели ноќи се молат за спас на свети Василиј.

– Доаѓаат од секаде – од Европа, но и од другите континенти. Сите имаат различни животни приказни. На сите треба да им се даде шанса повторно да живеат нормално. Јас ги разбирам зашто и јас има преживеано многу лоши работи. Бев зави*ник. Ми требаше многу време да го достигнам ова ниво и да можат да го пренесам своето искуство на другите луѓе – објаснува отецот.

Вели дека посетителите што се интересираат за неговата дејност ги кани во својата одаја на разговор со сок од калинка. Тој е од ретките монаси што признале дека во минатото воделе неморален живот.

– Начинот на живот се одвива поинаку од порано. Сега сѐ се прави набрзина. Затоа нема време за чекање. Оние што искусиле нешто поинаку, нешто полошо треба искуството да го пренесат на верниот народ. Тоа е единствениот начин да им се приближиш на верниците и да им помогнеш – додава отецот Арсеније.

На верниците често им ја покажува галеријата со книги што се печатат за потребите на манастирот. Знае и да подари понекоја. Обично тоа е книгата што тој ја напишал. Се вика „Бог и рокенрол“. Во неа ги опишува трагичните судбини на своите другари од минатото, кои го загубиле животот поради дрогата. На таа тема држи и предавања. Тоа го прави на телевизија, радио или во манастирот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This