April 19, 2024, 12:42 am

ЧУДOTBOPHИ МЕСТА СО ЛEKOBИТИ ВОДИ ВО БЛИЗИНА НА СКОПЈЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лековитите во­ди во „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“

Во под­нож­је­то на ри­дот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс, под ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Го­вр­ле­во, во бли­зи­на на Дол­но Сол­ње, се на­о­ѓа цр­квич­ка­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, ко­ја е поз­на­та ме­ѓу вер­ни­ци­те по ле­ко­ви­та­та во­да што из­ви­ра во неј­зи­ни­от ол­та­рен дел.

Из­гра­де­на во по­но­во вре­ме, 1936 го­ди­на, на ме­сто на кое из­ви­ра­ла во­да, оваа цр­ква е дел од прес­но­то се­ќа­ва­ње на жи­те­ли­те на окол­ни­те се­ла.

На са­мо не­кол­ку ме­три од не­ти­пич­ни­от храм со ле­ко­ви­та во­да во ол­та­рот, се на­о­ѓа уште ед­на чеш­ма, спо­ред мно­гу­ми­на, со чу­до­твор­на моќ. Се ве­ру­ва де­ка во­да­та за подм­ла­ду­ва­ње, ка­ко што ја на­ре­ку­ва­ат, бла­го­твор­но по­ма­га при ос­ла­бен иму­ни­тет и де­ка си­те што пи­е­ле од неа по­чи­на­ле од ста­рост, а не од бо­лест.

Tрудното дрво кај манастирот „Св. Богородица”

На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот “Света Богородица”. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.

Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница.

Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото.

Kаменот во манастирот Свети Никита

Малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.

Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.

За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата “оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This