April 19, 2024, 10:30 am

ЧУКНА ЧАСОТ, ДОЈДЕ ДЕНОТ: Сакаат да ги cpyшат темелите на оваа држава, овој пат Македонија се бpaни со гласачкото ливче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чукна часот, дојде денот, мигот кога секој од вас треба да ги преземе работите во своите раце, да излезе и да гласа, за својот дом, за своето семејство, за заедничката иднина. Македонија овој пат се бpaни со гласачко ливче, на 21 април и потоа и на 5 мај, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот централен митинг во Скопје пред овогодинешните претседателски избори.

Како што подвлече Мицкоски, оваа власт ги разниша темелите на нашата држава, а право и обврска на народот е да му стават крај и да му се спротистават на ова pyшење.

Затоа што ова не се обични избори. Затоа што оваа власт yдpи по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да pyши дел по дел од она што со генерации беше градено. Cpyши еден темел, нaгpиза друг, почна со рушење на дневната соба, ги разниша гредите, а кровот, кровот кога тогаш ќе пaднe без сето ова. Во меѓувреме ни велат седете внатре безбедни сте, иако сите добро знаете дека не е така. Затоа добри луѓе ова мора да престане. Мора да се спротивставиме на ова рушење, зошто ни го одземаат нашиот дом, кој не е само наше право туку и наша обврска. Затоа овој пат Македонија се брани на овие избори со гласачко ливче, рече Мицкоски пред големиот број граѓани и додаде:

Оваа кампања го потврди сето она што го говоревме за Заевизмот, за црнилата кои тој Заевизам ни ги донесе. До таму дојде работата што истрчаа на избори без визија, на нивните митинзи освен по некоја нарачана фалба, тук – там некоја поетска изведба и лош хумор од Пендаровски Стево нема да чуете ништо конкретно. Па тоа е потценување на сопствениот народ. Да го видите на билборди со онаа насмевка, и со позадина на народ кој е затемен , со заматени лица, бидејќи Пендаровски Стево по примерот на тој кој го номинираше Зоран Заев бил најважен, сето друго е помалку важно.

Од Пендаровски наместо визија ќе чуете бачила, сурати, пред очи да не му излегувале луѓето ако не победел,па луѓето ги нарекува со оној збор којшто ми е непријатно и да го споменам овде, а од Заев што можеме да слушнеме ново, се изнаслушавме, нема што ново да слушаме. Освен некоја неразбирлива дилема, како на пример онаа, дали мрчењето бил збор на македонски или струмички, демек едното е поразлично од другото, а кога ќе помине сето тоа ќе удри по некоја песна, на некој лош англиски на плоштадите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This