ЧУЛЕВ: Бројката за решенија за самоизолација порасна на 8709 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во своето гостување во телевизија Телма истакна дека полицијата има тешка задача со оглед на тоа што е вклучена во контрола на лицата кои што имаат решенија за самоизолација. Бројката изминативе денови на лица кои се во самоизолација е порасната на 8709 истакна тој.

-Министерството за внатрешни работи е вклучено и во контрола на лицата кои што имаат решенија за самоизолација. Во моментов решенија за изолација имаа 1105 на територија на цела држава додека бројката за решенија за самоизолација порасна на 8709. Она е голема бројка и таа бројка расте. Посебно расте на територија на град Скопје, што е нормално, Скопје е најголем град и има најмногу случаи во моментов. И можам да кажам дека досега е утврдено непочитување на 87 лица на овие мерки за самоизолација и изолација и се поднесени 113 кривични пријави од кој што 19 по член 205 и 95 по член 206, вели Чулев.

Согласно последната одлука на Владата потенцираше Чулев оние граѓани кои што ќе ја прекршат мерката за самоизолација ќе добијата кривична пријава по член 206 и ќе бидат сместени во задолжителен карантин, а трошоците ќе си ги плаќаат сами.

-Согласно одлуката на Влада, доколку се утврди дека овие лица не ја почитуваат мерката и несовесни веднаш се поднесува кривична пријава по член 206 и истовремено согласно најновата одлука на Влада од пред неколку дена истите се спроведуваат во задолжителен карантин при што трошоците самите ги сносат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This