ЧУЛЕВ ГО ПРЕВЗЕМА МВР: Нови началници на СВР Скопје, Струмица, Штип а Димовски заминува од ЕИП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што предвидуваат правилата во МВР со договорот за техничка Влада, сите 8 сектори за внатрешни работи (СВР Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Велес, Струмица) ќе добијат нови началници, а досегашните началници ќе станат дополнителни.

Министерот Наќе Чулев во телефонски разговор за Телма потврди дека досега одлучил да се сменат вкупно 12 раководители на оддели и единици во составот на МВР, додека за останатите 3 законски дозволени смени ќе размислува и ќе одлучи до утре.

Нов началник ќе има на Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал каде во моментот раководител е Лазе Велковски, Одделот за внатрешна контрола ќе добие нов началник, Одделот за специјални полициски операции каде во моментот началник е Бранко Трајановски, смена ќе има и во новоформираната единица за интервентна полиција која во моментот ја води Примислав Димовски.

Законот дозволува Чулев да направи 15 нови назначувања на челни позиции на сектори, оддели и единици, за кои решенијата се веќе изготвени. Законот дозволува министерот Чулев да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсот од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This