April 26, 2024, 11:25 pm

Чулев му вpaти нa Спacовски oткaкo бeшe oбвинeт пopaди пoтepницaтa пo диплoмaтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев се огласи на социјалните мрежи откако министерот Оливер Спасовски кажа дека тој бил на чело на МВР кога била издадена потерницата за дипломатот.  Чулев тврди дека до него не била доставена информација за било каков криминал од меѓународни размери.

„По не знам кој пат Оливер Спасовски причината за своите катастрофални грешки, пропусти и нестручност ги бара во мене. Самиот тој е свесен, но не сака да признае дека вината за големиот број скандали кои во континуитет го тресат МВР и државата е само во Оливер Спасовски и луѓето поставени од него. Мојата улога како технички министер во Владата беше спроведување на парламентарните избори. Краткиот период и големите опструкции беа пречка да се расчистат сите криминали во кои се инволвирани највисоките структури во МВР. За тоа допрва доаѓа времето. Убеден сум и верувам дека правдата ќе го стигне и него и секој кој постапувал спротивно на Законот, на тој начин изневерувајќи ја довербата на граѓаните и валкајќи го угледот на државата и уништувајќи ја нејзината европерспектива“, рече Чулев.

Тој ги повикува надлежните организации во МВР да покренат дисциплинска за одговорност поради скандалот.

„Додека јас бев министер, ниту еден од пиуните на Оливер Спасовски до мене не достави информација за било каков криминал од меѓународни размери, напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги скриваа скандалите правени од негова страна. Исто така, дополнително ниту било која друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал. Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него. Ги повикувам надлежните институции да проверат кој и зошто и за какви цели издавал лажни пасоши, задскривал меѓународни скандали и надлежните организациски единици во МВР да покренат постапки за дисциплинска одговорност за сите луѓе на Оливер Спасовски кои се дел од неговите незаконски шеми и бизниси, а свесно ги кршеле законските прописи“, додава Чулев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This