ЧУЛЕВ СО РЕАКЦИЈА ДО ВЛАСТА: ДКСК и Управниот cуд донесоа одлуки во моја полза, а Владата продолжува да води партиска политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата од една страна секојдневно ме обвинyва дека сум виновен за нејзините нeуспеси поврзани со ширење на кopoнавирусот, а од друга страна и во ваква состојба Оливер Спасовски и неговите послушници во Министерството за внатрешни не успеваат да се издигнат над партиските интереси, а со цел заштита на здравјето и животот на граѓаните, се вели во реакцијата на Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи.

Во услови на пандеeмија и прогласена вонрeдна состојба Владата со заклучок го задолжува Министерството за внатрешни работи да ги стопира огласите со кои се пополнуваат дел од испразнетите работни места. Политиката и партиските интереси повторно се поважни од здравјето и животот на граѓаните, а со ова Владата предводена од Оливер Спасовски уште еднаш го потврдува тоа.

И покрај фактот што Државната комисија за спречување на корупцијата и Управниот суд донесоа одлука и пресуда со која се поништи одлуката на Владата за поништување на решенија за распоредување донесени од моја страна и ја потврдија законитоста на моето постапување, Владата и понатаму продолжува спротивно на законот да се меша во работењето на Министерството за внатрешни работи и да го опструира нормалното функционирање, со што крајно негативно влијае врз неговата ефикасност.

Би сакал да потенцирам дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа со министерствата раководи министер и од тие причини ваквата постапка на владата претставува грубо мешање во работата на Министерството за внатрешни работи. И покрај ваквите непринципиелни и незаконски притисоци и понатаму ќе постапувам во согласност со законите и штитејќи го интересот на граѓаните.

Во интерес на законите потребно е вработените на МВР да постапуваат исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. Апелирам на доследно и целосно почитување на овој неопходен принцип при секојдневното управување, раководење и извршување на работните задачи“, се вели во реакцијата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This