March 29, 2024, 11:52 am

ЧУНКИ ВЛАСТА, УМОТ И РАЗУМОТ ГИ ПОМАТУВА: Прости им Господи, оти не знаат што прават!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ПРОЧКА ДАЈ ИМ ГОСПОДИ, ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ!

На овој благден, како што е редот, молитва за сите треба да се пцала.
Ќе почнам од оние, чии души насушна потреба од молитва и прочка имаат, нашите првенци, властодршци оти, кутрите, мислат чуму им е молитва и Господ кога власта ја имаат, чунки власта умот и разумот ги поматува.

Кутрите! Затоа, Господи, дај им прочка што како недоветни се однесуваат и разумот го изгубиле; што ниет сториле да не „преправат“ и нов сурат немакедонски, да ни натурат та да не избербатат; што и тие самите со туѓи, ама ептен туѓи, сиреч странцки, сурати се„преправаат“ и душата си ја поганат; што кон странцките, туѓи, сурати такво поданство имаат небаре раболепници се нивни; што странцките сурати толку им се чинат угодни и со мерак голем ги носат, чиниш им сраснале, чиниш нивни се.

Кутрите, така ниту својот сурат цел, ниту туѓиот го имаат, ами некаков сурат мешан, небаре чудна зверка некоја, дијание озабено, нит волк – нит лисица, нит хиена – нит чакал, ама, безбели крволок.

Прочка дај им, Господи, што против својот народ и држава работат а пред туѓите држави и народи се умилкуваат и танцуваат како што туѓите сурати им свират небаре ченгии во аморална биртија; што секоја црвена чизија ја избришаа или поместија; што, место татковината да ја вардат, ја крадат; што врз коските од предците ни р’каат и плукаат чиниш се срамат од коренот од кој никнале; што спротивно, на она што веќаваа и нудеа, работат.

Прости им, Господи, што заповедите Твои, за нелажење, некрадење, туѓо непосакување, на предците почитување, ги газат и непочитуваат; што само со устата своја при народот се доближуваат небаре го љубат, а со срцата нивни отапени далеку стојат; што своите предци, славните луѓе и оците народни ги отфрлаат. Оние што мудри совети сееле и на дело книжно народецот го учеле.

Прочка дај им Господи што место на народот само на џебот свој мислат; што рушветот не им е непознат; што само закони наложуваат, а самите не ги исполнуваат. Говорат, а не извршуваат; што бремиња мачни и тешки врз плеќите народни врзуваат, а самите ни со прст да мрднат не сакаат; што на народот големи вергии му натоварија.

Прости им Господи, оти не знаат што прават!

 

ПРОЧКА ДАЈ ИМ ГОСПОДИ, ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ!На овој благден, како што е редот, молитва за сите треба да се пцала.Ќе…

Posted by Љупче Петрески on Saturday, March 9, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This