ШАБАН НЕМАЛ ВИДЛИВИ ПОВРЕДИ НА ТЕЛОТО: Германија истражува од што починал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По автомобилската несреќа на пат за Дортмунд, народниот пејач Шабан Шаулиќ излегол сам од автомобилот и сам влегол во амбулантното возило. Тој ја преживеал несреќата, но пoчинaл во болница поради пукање на срцевата аорта.
Германските надлежни власти изјавија дека се чека на обдукцијата да ја покаже вистинската причина за cмpттa на пејачот, кој единствена нега што ја добил од лекарите била инекција за смирување и реанимација.

Во болницата биле околу 8, а сообраќајката се случила нешто пред 7. По реанимацијата морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека аортата пукнала.

Шабан Шаулиќ починал на 17 февруари во 10 часот и 25 минути, пишува во протоколот. Лекарите сметаат дека појасот од силниот удар се затегнал и му ја пресекол аортата, изјавила главната лекарка во полиција.

Но, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за ТВ Хепи изјавил дека не му е јасно зошто Германците чекаат за обдукција на телото, која треба да се направи во четврток, а не ја направат веднаш. Тој побара телото на Шаулиќ најбрзо што може да се донесе во Белград.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This